Русија ја предупреди во петокот Украина дека „игра со оган“ откако руските сили објавија дека пресретнале украинско беспилотно летало во близина на нуклеарната централа Курск ден претходно, а медиумите објавија за пожар на неколку километри подалеку, како и инцидентот кај нуклеарната централа во украинскиот град Запорожје која е под контрола на руските сили.
„Киев продолжува да си игра со оган и, се разбира, за тоа ќе ги предупредиме претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмириј Песков.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхи Тихји ги негира информациите дека украинските сили отвориле оган врз нуклеарната централа или дека дејствувале во нејзина близина.
На 6 август, украинските сили во ненадејна операција извршија инвазија на руска територија во областа Курск и покај огромните загуби сѐ уште имаат своите единици таму.
Напната е ситуацијата и во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која е под контрола на руските сили од самиот почеток на инвазијата во февруари 2022 година, област во која беше лани спроведен референдум за присоединување на Руската Федерација.
Во петокот наутро, вработен во Запорожје бил убиен во напад со автомобил-бомба во близина на тој нуклеарен објект, најголемиот од овој вид во Европа, а руските истражни органи го препишуваат нападот на Украина.
Рускиот Истражен комитет, тело коешто се занимава со тешки кривични дела, соопшти дека вработениот Андреј Коротки бил убиен откако во неговиот автомобил била поставена детонирана бомба пред куќа во градот Енергодар, каде што се наоѓа нуклеарната централа. Короткиј работел на обезбедување на нуклеарната централа, а во врска со неговата смрт е отворена кривична постапка.
Управата на нуклеарната централа во Запорожје, во која персоналот е од локалното населние и по нејзиното заземање, ја обвини Украина за неговата смрт. Засега нема коментари од украинска страна.