
Околу 30 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е оштетена по два последователни дена руски ракетни напади, изјави за Си-Ен-Ен министерот за енергетика на земјата, Герман Галушченко. Москва ги нарече нападите во понеделникот и вторникот како одговор на украинските „терористички напади“ на руска територија.
Високиот украински функционер во изјави дека неговата земја „за првпат од почетокот на војната“ доживеала големи руски напади врз инфраструктурата.
Тој оцени дека и Европа настрадала преку прокси, бидејќи Киев морал да го прекине извозот на струја. Украина „им помага на европските земји да заштедат на руски гас и јаглен“ и сака „брзо да се поврзе од другите извори“, рече Галушченко.
Министерот тврди дека украинскиот енергетски систем останува стабилен, но ги повика другите нации да го забрзаат испраќањето на системи за воздушна одбрана во Киев, за да ја заштитат неговата инфраструктура од понатамошни напади.
„Ја испраќаме оваа порака до нашите партнери: треба да го заштитиме небото“, рече тој.
Руската војска лансираше десетици проектили врз цели во Украина, кои ги вклучуваа нејзините клучни инфраструктурни локации. Москва ја нарече воената акција како одмазда за голем број саботажни заговори насочени кон клучните руски објекти, вклучително и нуклеарната централа Курск, гасоводот Турски тек и Кримскиот мост.
„Терористичката тактика“ на Киев повеќе не може да остане без одговор по минатонеделниот бомбашки напад на мостот со камион, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Неколку делови на Украина, вклучително и главниот град Киев, пријавија прекини на струја и други проблеми со комуналните услуги по руските напади. Националната електроенергетска мрежа ги замоли потрошувачите да ги исклучат уредите за време на вечерните часови и нареди постојано затемнување на некои места за да се ограничи оптоварувањето.