Русија преместила дополнителни сили и воена опрема во регионот Курск на границата со Украина за да ја заштити граничната линија и да ја одржува безбедноста, изјави во понеделникот регионалниот гувернер Роман Старовојт, пренесе агенцијата Интерфакс.
Локалните власти велат дека регионот повеќепати бил изложен на украински гранатирања, откако Русија пред околу една година го започна она што го нарекува „специјална воена операција за заштита на руското и рускојазичното население во Донбас“ и за „демилитаризација и денацизација“ на Украина.
Гувернерот Старовојт на состанокот на регионалната влада рекол дека во Курск веќе е формиран солиден контингент од припадниците на вооружените сили, граничари и агенциите за спроведување на законот, но и дека е „потребно да се пружи сеопфатна поддршка за прифаќање, распоредување и сместување на дополнителните сили“.
Киев предупредува дека Русија може повторно да спроведе офанзива во североисточна Украина, каде што првично навлезе на почетокот од инвазијата па потоа брзо се повлече кон југоистокот, укажувајќи на зголемена заедничка воена активности во рускиот сојузник Белорусија, која е околу 200 километри западно од регионот Курск.