Москва инсистира на тоа дека Берлин мора официјално да ја признае опсадата на Ленинград (денешен Санкт Петербург) и другите злосторства на Третиот Рајх врз народите на Советскиот сојуз како чин на геноцид, се вели во белешката од руската амбасада во Германија, документот во кој имала увид риската службена новинска агенција РИА.
„Руската страна ја забележува контрадикторната природа на пристапот на германската страна кон прашањето за официјално признавање на злосторствата против човештвото извршени од Германија во минатото како акти на геноцид“, се вели во цитираниот документ.
Амбасадата во документот потсетива дека Германија ги признала злосторствата од ерата на колонијализмот како геноцид, но тоа сè уште не е направено во однос на делата против народите на СССР за време на Втората светска војна.
Руските дипломати истакнуваат дека го прочитале официјалното соопштение на германското Министерство за надворешни работи од 27-ми јануари по повод 80-годишнината од пробивањето на опсадата на Ленинград, во кое Германија ја потврди својата историска одговорност за едно од најстрашните злосторства против човештвото.
Во исто време, според руската дипломатија, споменатиот германски документ ги премолчува долгогодишните барања на Москва за продолжување на хуманитарните плаќања направени „исклучиво на оние од еврејска националност преживеани од блокадата на сите живи преживеани од блокадата“.
Опсадата на Ленинград започнала на 8-ми септември 1941 година и траел речиси 900 дена. Совеетската Црвена армија и жителите на градот усепале да ја пробијат на 18-ти јануари 1943 година, но жителите на градот морале да чекаат уште цела година пред целосно да биде отстранета опасноста по нивниот град на 27-ми јануари 1944 година. Во текот на годините на блокадата, според различни извори, загинале од 400.000 до 1,5 милиони луѓе. Огромното мнозинство умрело од глад, а не од гранатирање и бомбардирање.
Руската страна смета дека е неприфатливо да се повикува на фактот дека ова прашање наводно било решено со исплата на репарации по Втората светска војна.
„Во принцип, не може да има правен однос меѓу повоените репарации и враќањето на човечката правда во однос на сите преживеани од опсадата на Ленинград, без разлика на нивната националност“, нагласуваат од амбасадата во споменатиот документ.
Се наведуваат и „циничните постапки“ на германските власти, кои со децении „редовно исплаќаат бенефиции на поранешните војници на Третиот рајх, членови на СС и соработници, вклучително и легионери на шпанската Сина дивизија, кои директно учествуваа во опсадата на Ленинград“.