Руското министерство за надворешни работи испратило во петокот нота до амабасадата на Соединетите држави во Москва во кое се бара укинувањето на имунитетот на тројца вработени во американската дипломатска мисија, поради спроведувавање кривична поспатка за ограбување руски државјани.
Како што пренесуваат руските медиуми, министерството побарало од амбасадата „да биде укинат дипломатскиот имунитет, за да се овозможи кривично гонење на тројца американски дипломатски службеници поради нивно идентификување како осомничени за кражба на лична сопственост на руски државјанин“, се цитира соопштението.
Се истакнува дека доколу, амбасадата одбие да го укине имуитетот, тријцата дипломати мора „веднаш да ја напуштат“ триторијата на Русија.
Засега руската дипломатија не одговорила на прашањата за конкретни информациите во врска со најновиот дипломатски инцидент во низата замени протерувања на десетици дипломати.