Русија: Цели не се украинските градови и цивили

Руското министерство за одбрана објави во четвртокот дека воздушните напади на руските воздухопловни сили не целеле градови и населени места, како и дека не претставува закан за цивилите, пренесуваат руските медиуми.

Генералштабот на украинската армија објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но дека ситуацијата е „под контрола“. Во објавата на социјалните мрежи се додава дека немало истоварување на руски воници во црноморскиот пристанишен град Одеса, округ во кој е доминатно руското и рускојазичното население и во кој се распоредени бројни украински сили.

Украинските власти претходно објавија дека во руските гранатирања загинале најмалку осум лица а уште девет други се ранети.

Челникот на проруските милиции во источна Украина изјави во четвртокот дека нивната главна цел е да повторно да се врати контролата врз целите територии на регионите на Донец и на Луганск, во кои претходно беа распредени трупу на украинските вооружени сили.

„Операцијата за олсободување ќе биде завршена доста брзо. Можам да кажам дека тоа наскоро ќе заврши“, изјави Денис Пушилин, лидер на ткн Донецка Народна Република, неколку часа по операцијата од страна на Москва оправдана со спречување на наводен напад врз областа Донбас од страна на украинската војска.

Велејќи дека „операцијата за ослободување е во полн замав“, Пушилин тврди дека сите градови и села во регионот „наскоро ќе бидет ослободени“. Бунтовниците велат дека заземале мали градови како што се Станција Луганск и Шчасти, додека властите во Киев потврдуваат дека проруските сили „напредувакле“ на територијата под контрола на владините сили.

Руското министерство за одбрана соопшти дека е уништена воената инфраструктура во украинските воздухопловни бази и е десеткувана украинската противвоздушна одбрана, а Украина извести и дека е под постојани кибернетички напади од Русија.

„Противвоздушната одбрана на украинските вооружени сили е потистната. Воената инфраструктура на воздухопловните бази на украинските вооружени сили е ставена надвор од строј“, соопшти руското министерство за одбрана.

Руските тенкови минале на украинска територија, влегувајќи на територијата на регионот Луганск, според извештајот на украинските погранични сили.

Руското министерство за одбрана ги негираше изјавите дека еден од руските авиони е соборен над Луганск. „Информацијата во странските медиуми за наводен соборенм руски авион не се вистинити“, се вели во објавата.

Украинската армија претходно соопштио дека над Луганскиот регион наводно соборила пет руски авиони и еден хеликоптер, иако западните медиуми објавија дена воздушните напади се изведуваат главно со крстосувачки проектили.