Руското министерство за одбрана ги демантираше информациите дека една од неговите ракети погодила станбена зграда во Киев, тврдејќи дека штетата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета, објавија руските државни новински агенции, цитирајќи извор од министерството.
„Информациите што се шират на социјалните мрежи за руски ракетен напад врз станбената зграда на авенијата Лобановски во Киев не се точни“, изјавил извор од Министерството за одбрана а пренесуваат агенциите ТАСС и РИА.
„Природата на оштетувањето на зградата укажува дека била погодена од противвоздушна ракета. Тоа јасно се гледа на видеото. Очигледно, за време на одбивањето на ноќниот ракетен напад врз воената инфраструктура на Украина, дошло до дефект во системот за водење на проектили на украинскиот систем за противвоздушна одбрана со среден дострел Бук-М1, а проектилот го погодил аголот на станбена зграда“, додава изворот.
Аамериканската телевизиска мрежа CNN за овој случај посебно се обратила до руското Министерство за одбрана, но сè уште не добила одговор.
Инаку претходно, како што објавија светските медиуми во случајот „Руски тенк згмечи автомобил во кој имаше човек“, се испостави дека тенкот бил украински, а имаше и информации дека наводно руска ракета погодила стамбена зграда во Киев, за што за истото беше демантирано од страна на Русија.