Директорот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Димитриев во колумна за американскиот неделник „Њузвик“ истакна дека Русија до крајот на годината ќе произведе 200 милиони дози вакцина против новиот коронавирус.
Тој наведе дека вакцината ќе ја произведува рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија во партнерство со неколку држави.
Во светот се развиваат две слични вакцини, едната на Универзитетот во Оксфорд во соработка со компанијата „Астра Зенека“, а другата ја подготвува кинеската компаниај „КанСино Биолоџигс“.