Русија до националистите во Мариупол: Имате можност утре да го положите оружјето и да заминете

Украинската војска, националистите и странските платеници кои се останати во Мариупол се повикани да го положат оружјето, и нивните  животи ќе бидат поштедени. За таа цел, руската страна предлага да се спроведе специјална хуманитарна операција во вторник, изјави во понеделникот генерал-полковник Михаил Мизинцев, началник на Националниот центар за одбранбена контрола на Руската Федерација.

„Со оглед на страшната хуманитарна ситуација во одредени области на Мариупол контролирани од украинските вооружени формации, како и фактот што расфрлани групи милитанти на националистички формации не се подредени на официјален Киев, руските вооружени сили, врз основа на чисто хумани принципи, нудат – Единиците на вооружените сили на Украина, баталјони за територијална одбрана за спасување на цивили и странски платеници од 06:00 часот (московско време) на 5 април 2022 година, да ги прекинат воените дејствија, да го оставаат оружјето и да заминат по рутата договорена со украинската страна во насока на Запорожје кон териториите контролирани од Киев“, рече Мизинцев.

На сите кои го ќе го положат оружјето им се гарантира зачувување на животот, нагласи тој.

Според Мизинцев, за практично спроведување на активностите на оваа хуманитарна операција се предлага следниот алгоритам на акции.

„Од 09:00 часот (московско време) воспоставена е континуирана комуникација меѓу руската и украинската страна за меѓусебна размена на информации; од 09:30 часот (московско време) единици на вооружените сили на Украина, баталјони за територијална одбрана, како и националисти и странските платеници – од една страна, руските вооружени сили заедно со воените формации на Доњецката Народна Република – од друга страна, прогласуваат „режим на целосен прекин на огнот“ и гарантираат негово строго почитување“, рече генералот.
Според него, вистинскиот почеток на „прекин на огност“ е во 09:30 часот (московско време), „на излезот од Мариупол кон Мангуш, двете страни се означени со подигање знамиња: од руска страна – црвена, од украинска страна – бело, по целата линија на контакт“, додаде Мизинцев.

„Од 10:00 до 13:00 часот (по московско време) – излез на сите без исклучок украински вооружени единици и странски платеници, без никакво оружје и муниција“, рече тој.
Руската страна уште еднаш ги повикува официјалните власти на Киев да покажат внимателност, да дадат соодветни упатства на милитантите да го прекинат бесмислениот отпор и да го напуштат градот, рече Мизинцев.

„Но, сфаќајќи дека повеќето вооружени неонацистички формации во Мариупол одамна престанаа да бидат подредени на официјален Киев, ги повикуваме самостојно да донесат таква одлука и да го положат оружјето“, нагласи генералот.