Без оглед на тоа што некои земји се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата на Арктикот и сакаат да ја наметнат својата волја, Русија ќе ги брани своите позиции, порача во вторникот заменикот на претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев.
„Општо е познато дека одредени земји, пред сè НАТО, вклучително и САД, постојано се обидуваат да ги ограничат нашите активности на Арктикот и користат различни методи за да нè спречат. Понекогаш ќе изградат привремена воена база во близина на нашата граница или се закануваат со санкции“, рече Медведев.
Според него, ваквите мерки на САД се директна закана за безбедноста на Русија.
„И покрај постојаните обиди на одредени земји да ја дестабилизираат ситуацијата на Арктикот, Русија ќе ги брани своите позиции, нагласи Медведев.