![ruski haubici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/ruski-haubici.jpg?resize=696%2C402&ssl=1)
Русија наскоро ќе ги распореди своите најнови хаубици во Северниот воен округ, кој граничи со Финска и Норвешка, изјави во средата шефот на државниот одбранбен конгломерат „Ростех“.
Тестирањето на новите самоодни артилериски единици е завршено и нивното масовно производство е веќе започнато, изјави Сергеј Чемезов, шефот на „Ростех“, во интервју за новинската агенција РИА, додавајќи дека првата пилот-серија ќе ја испорача на самиот крај од 2023 година.
„Мислам дека наскоро ќе се појават таму (во Северниот воен округ), бидејќи хаубици од оваа класа се потребни за да се обезбеди предност пред западните артилериски модели во однос на опсегот на гаѓање“, рече Чемезов.
Во 2021 година, рускиот претседател Владимир Путин го смени статусот на руската северна флота, чија област на одговорност беше главно рускиот Арктик, во Северниот воен округ, вклучувајќи го и регионот Мурманск, кој граничи со Финска и Норвешка.
Со години наназад, а само неколку месеци пред да ја започна својата воена интервенција во Украина во февруари 2022 година, Москва ги повика САД и НАТО на потппишување обврзувачки договор кој ќе ја гарантира безбедноста на Русија што беше одбиено во Вашингтон и Брисел, и го обвини „колективниот Запад“ за организирање на прокси војна со Русија и предупреди дека Москва ќе изгради сили на нејзините западни граници откако Финска ќе се приклучи на НАТО алијансата предводена од САД.
Претходно во декември руската новинска агенција ТАСС објави дека споменатите хаубици веќе биле распоредени на линијата на фронтот во Украина.
Хаубиците со дострел до 70 километри се опремени со модерен топ 2A88 од 152 мм со брзина на истрелување од повеќе од 10 истрели во минута, како и модерен систем за автоматизирање на процесот на наведување на оружјето, изборот на целите и навигацијата, според ТАСС.