Обвинителството на Московската област ќе ја истражува руската филијала на американскиот гигант во кондиторската индустрија „Mars“ за можно финансирање на украинските сили, пишува во петокот агенцијата РИА.
„Примивме официјален одговор од обвинителството дека е одредена проверка во врска со тоа… Сметаме дека треба да спроведеме темелна проверка за тоа каде навистина одат парите, како се одвиваат финансиките текови“, потврдил за агенцијата шефот на рускиот Федерален проект за безбедност и борба со корупцијата“, Виталиј Бородин.
Без да даде конкретно објаснување на што се темелат таквите сомневања, Бородин додал дека претходно седмицава инспекциите во „Mars“ се продолжени за уште 30 дена.
Според него, на почетокот од јуни фондот побарал од руското државно обвинителство со барање да се спроведат проверки за компанијата „за финансирање на вооружените сили на Украина“. Бородин тврди дека информациите за таквите активности биле најдени на официјалната веб-страница.
Бородин истакнал дека компанијата заработува милијарди во Русија а ја спонзорира Украина и, веројатно, украинските вооружени сили затскривајќи го тоа како хуманитарни цели.
Претходно во петокот деловната новинска агенција Bloomberg News објави дека меѓу другите американски компании кои и покрај антируските-санкции поради инвазијата во Украина сѐ уште се активни на рускиот пазар, корпорацијата „Mars“ во текот на минатата 2022 година за 14 отсто ја зголемла продажбата во Русија споредено со претходната 2021 година, додена нето добивката се зголемила за 58 отсто, на 27 милијарди рубљи или нешто помалку од 300 милиони американски долари.
Од „Mars“ засега не се огласија за ваквите обвинувања. Станува збор за еден од најголемите произвона ели на храна основан уште во 1911 година со седиште во Меклин, во американската сојузна држава Вирџинија. Меѓу брендовите на компанијата се бар-чоколатцата „Mars“ , „Snickers“, „Twix“, „Bounty“, „Milky Way“, гумите за џвакање Orbit, и храната за домашни миленици „ Whiskas“ и „Pedigree“.