Русија ќе изведе вежби со „нуклеарната тријада“

Руските вооружени сили во сабота ќе ги спроведат планираните воени маневри со учество на ткн „нуклеарна тријада“, соопшти во петокот министерството за одбрана и истовремено извести дека продолжува повлекувањето на единици кои ги завршиле своите вежби и проверка на подготвеноста од близина на границата со Украина и во Белорусија.

Таканаречената „нуклеарна тријада“ на најсилните армии во светот подразбира стратешка авијација на долги летови, интерконтинентални балистички ракети кои можат да понесат нуклеарни боеви глави и поморски и подморнички ракетни носачи на таквите проектили.

„На 19-ти февраури, под водство на врховниот командант на руските воени сили В.В. Путин, ќе се одржи планираната вежба на стратешките сили за одвраќање, при што ќе бидат лансирани балистички и крстосувачки ракети“, се наведува во соопштението на на руското министерство за одбрана.

Во маневрите, како што се додава, ќе бидат вклучени припадници и опрема на Воздухопловно-космичките сили, на Јужниот воен округ, Стратешките ракетни сили, како и пловилата на Северната и на Црноморската флота.

Руските стратешки ракетни сили бројат 50.000 припадници од вкупно активни 900.000 војници, според податоците на Меѓународниот институт за стратешки студии објавени претходно седмицава во годишниот извештај „Воена рамнотежа“.

Вежбите на руските сили за стратешко одвраќање биле планирани и претходно пред ескалирањето на тензиите со Западот во врска со украинската криза, а според Москва нејзината цел е „проверка на подготвеноста на воените командни и контролни тела, на борбените лансирни екипажи, на припадниците на воените бродови и стратешките ракетни носачи за извршување на поставените задачи, како и доверливоста на стратешките нуклеарните и ненуклеарните сили“.

Руските вооружени сили ги продолжуваат големите сложени маневри со учество на комбинирани родови на војските за оперативна обука на припадниците кои доаѓаат од речиси сите воени окрузи, флоти и воздухопловни сили.

Од почетокот на седмицата, руското министерство за одбрана објави дека започнува со повлекувањето на единиците кои ги завршиле своите задачи на проверка во близина на границата со Украина, во нивните постојани бази, а чие претходно распоредување ги предизвика обвинувањата од Западот дека Русија планира да ја нападне соседната земја. И покрај тоа што Москва зборува за повлекување на силите од споменатите области, што беше главното западно барање за деескалација, САД и НАТО тврдат дека „не гледаат“ повлекување и тврдат дека наводно напротив Русија последните денови ја зголемила прусутноста на нејзините војски близу Украина.
Повлекувањето на единиците од украинската гранциа продолжува, привршуваат вежбите во Белорусија

Москва во петокот повторно објави дека единиците кои ги завршиле своите вежби се враќаат во своите бази, и соопшти дека тие се изведуваат на комбинирани начини, така што тешката опрема се транспортира со железница, а другите се движат во конвои по копнените правци придружувани од воената полиција, и во прилог на тоа се објавуваат видео-материјали од повлеквуањето.

Истовремено во петокот министерството за одбрана објави дека поморската пешадија (маринците) од Источниот воен округ ја завршиле вежбата за „мобилна одбрана со стрелба од минофрлачи“ во рамките на руско-белоруските маневри „Сојузничка решителност-2022“.

„Единиците на Маринскиот корпус на Источниот воен округ, кои учествуваат на заедничката вежба ‘Сојузничка решителност-2002’ на полигонот ‘Обуз-Лесновски’, ги разработуваа задачите за изведување маневрирачка одбрана во содејство со единиците за комбинирано вооружување“, се наведува во соопштението.

Се прецизира дека во текот на вежбата мариците со минофрлачки оган одбиле обид за пробив на претпоставениот непријател, а биле користени автоматските фрлачи на гранати „АГС-17 Пламен“ при што биле изведени повеќе до 30 задачи со промена на позициите за отворање оган.

Од 10-ти до 20-ти февраури се одржуваат во Белорусија се одржуваат заедничките белоруско-руски воени маневри чија цела според објавите е увежбување сузбивање и одбивање надворешна агресија, како и справување со тероризмот и заштита на интересите на Сојузната држава меѓу двете земји според договорот од 1990-те години. За САД и НАТО, овие маневри претставуваат закана за соседна Украина, бидејќи главниот град Киев е на помалку од стотина километри од белоруската граница и оти претставува заокружување на земјата во рамките на наводната руска инвазија. Москва и Мински повеќепати ги отфрлија таквите обвинувања, и изјавија дека маневрите имаат одбранбен карактер имајќи го предвид постојаното присуство на НАТО силите на границите на двете земји, како и дека не претставуваат закана за други земји.