Русија е подготвена за разговори за евроазиската безбедност со членките на НАТО, порача Путин

Русија е подготвена да разговара за создавање евроазискиот безбедносен систем, вклучително и со земјите од НАТО, кога тие ќе бидат подготвени за тоа, порача во петокот рускиот претседател Владимир Путин на средбата со дипломираните студенти на воените универзитети.

„На состанокот со врвот на Министерството за надворешни работи ја истакнав нашата визија за работ и создавање еднаква и неделива безбедност во Евроазија. Ние сме подготвени за широка меѓународна дискусија за овие клучни, витални прашања и со нашите колеги во Шангајската организација за соработка, Заедницата на независни држави, ЕуроАсес, БРИКС, како и со други меѓународни асоцијации, вклучително и европските и земјите од НАТО“, изјави Путин.

За потребата од создавање нов безбедносен систем во Евроазија, Путин зборуваше со врвните руски дипломати на 14-ти јуни. Според него, во иднина е неопходно е да се направи придвижување кон постепено укинување на военото присуство на надворешни сили во регионот, секако алудирајќи на американските сили.

Путин истакна дека земјите и регионите во Евроазија мора самите да го утврдат областите на соработка во сферата на заедничката безбедност, да изградат систем на работни институции, механизми и договори.

Појасни дека во сегашната ситуација тезата на намалување на военото присуство на надворешни сили во евроазискиот регион може и изгледа нереално, но доколку е можно да се изгради сигурен безбедносен систем, тогаш едноставно нема да има потреба од странските контингенти во регионот.

Важен дел од евроазискиот безбедносен систем, истакна во продолжение Путин, треба да бидат прашањата на економијата, социјалната благосостојба, интеграциите и заемно полезната соработка, решавање на проблемите на сиромаштијата, нееднаквоста, екологијата и климата.