Русија ќе возврати реципрочно по воведените визи од страна на Украина

Високиот руски дипломат Алексеј Полишук изјави дека Русија ќе одлучи за реципрочни мерки за да одговори на одлуката на Украина да воведе визи за руските државјани за влез во таа земја, пренесе Тас.

Во средината на јуни Украина го поништи договорот потпишан во 1997 година меѓу Киев и Москва за безвизен режим, а од 1 јули не дозволува руски државјани кои немаат виза да влезат на нејзина територија, потсети Полишчук.

„Со повлекувањето на договорот, украинските власти намерно се обидуваат да нанесат максимална штета на контактите меѓу граѓаните на нашите земји и да ги прекинат семејните и пријателските врски“, истакна Полшчук, пренесува Танјуг.

Полишук го повика Киев да го почитува договорот, кој важи до 1 јануари 2023 година.

„Се разработува прашањето за реципрочни мерки. Одлуката ќе биде донесена до крајот на договорот, земајќи ги предвид сите околности“, изјави високиот руски дипломат.

Украинската влада го откажа договорот за безвизен режим на иницијатива на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски.

Како што рече Зеленски, укинувањето на безвизниот режим е неопходно „поради невидени закани за националната безбедност, суверенитет и територијален интегритет на земјата“.