Русија ги минала САД според испораките на LNG во Европа во 2019-та

Нето увозот на рускиот течен природен гас (LNG) од страна на европските земји во 2019 година изнесувал 15,07 милиони тони за разлика од само 4,4 милиони тони претходната 2018-та, додека САД испорачале 12,72 милиони тони течен гас во ЕУ во споредба со 2,7 милиони тони една година порано, се наведува во годишниот извештај на Меѓународната асоцијаца на увозници на течен природен гас (GIIGNL).

Според овие показатели, Русија и САД се рангирани на второто и третото место според обемот на испораките на LNG во Европа. Лидер и натаму е Катар, кој минатата 2019 година испорачал до европските корисници 23,52 милиони течен гас.

Севкупно, увозот на LNG во европските земји минатата година се зголемил за речиси 1,8 пати, на рекордните 85,9 милиони тони. Притоа, најголеми европски увозници на течниот гас е Шпанија со 15,7 милиони тони, Франција со 15,6 милиони тони и Велика Британија со 13,6 милиони тони.

Според споменатиот извештај, минатата година европските земји имале можност да користат дополнителни количества LNG, поради можноста да го складираат гасот во подземните резервоари и како резултат на актуелниот премин од јаглен на гас во производството на електрична енергија.

Вкупно глобалната побарувачка на LNG во 2019 година се зголемила за 13 отсто, на 354,7 милиони тони. Станува збор за најголемото зголемување на овој показател од 2010 година. Во светот во моментов 42 земји купуваат течен гас, а 21 држава го произведува овој енергенс.

Најголем дел, од 69 отсто отпаѓа на азиските земји наспроти 76 отсто во претходната 2018-та, иако нивниот увоз се зголемил за 3,2 отсто, на 246,2 милиони тони. Обемите на испораките се зголемиле во сите азиски земји, освен кај они кои се меѓу најголемите како Јапонија, Јужан Кореја и Тајван. Притоа Јапонија досега ги објави податоците за ланската година, според кои го намалила увозот на LNG за 6,8 отсто на речиси 77 милиони тони, и притоа го зачува статусот воддечки купувач со удел на овој пазар од 21,7 отсто.