Русија ги намали испораките на гасот во Италија

Русија за третина ги намалила испораките на природниот гас за Италија, соопшти во понеделникот „Eni“, италијанскиот добавувач во делумна сопственост на државата.

За намалување на испораките на гасот за Италија, компанијата „Eni“ претходно била известена од рускиот „Газпром“, кој пристапува кон годишните ремонти на своите гасоводни постројки.

Така, наместо вообичаените 32 милиони кубни метри гнас дневно, денеска на Италија ќе ѝ бидат испорачани 21 милиони кубни метри гас, Доколку има позначителни промени, од „Eni“ соопштија дека ќе излезат со подетални информации.

Од почетокот на руската воена интервенција во Украина, италијанскиот премиер Марио Драги настојува да ја ослободи земјата од преголемата зависност од руските енергенси. Владата поради тоа склучи нови договори со Азербејџан, Катар и Алжир, но сепак, засега нема да може целосно да ги замени количествата руски гас.

Покрај тоа, Италија неодамна купи два терминала за складирање течен природен гас (LNG) и неговото враќање во гасна состојба преку операторот на гасната мрежа „Snam“.