Русија ги напушта доларот и еврото и ќе користи само рубљи и јуани за наплата на енергенси

Русија се префрла на национални валути при плаќање за снабдување со енергија. Јуанот и рубљата стануваат актуелни, а еврото и доларот наскоро ќе бидат напуштени, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак во програмата „Москва, Кремљ. Путин“, емитувана од каналот „Русија 1“.
Според него, трендот на подоминантна употреба на долари и евра веќе е променет.
– Ги имаме предвид проблемите со кои се соочуваме кога користиме странски валути и затоа преминуваме само на национални, користиме рубља и јуани, рече Новак.
– Нашите колеги од Кина најмногу го плаќаат гасот само со јуани, а делумно и нафтата. Плаќаат и во рубљи. Планираме да ја подобриме соработката и да вршиме меѓусебни плаќања само во национални валути, додаде тој
Рече и дека постои голем интерес за купување на руски енергетски производи, за што е неопходно да се создадат механизми за плаќање.
Претходно во интервју за ТАСС, Новак рече дека учеството на трансакциите во национални валути ќе продолжи да расте, како и трговијата со јуани, индиски рупии, турски лири и руски рубљи. Според него, ваквите трансакции веќе станале вообичаена практика на пазарот.