Русија ги обвини авионите на НАТО за загрозување на патнички летови над Црно Море

Патнички авион на руската воздухопловна компанија „Аерофлот“ над Црното Море морал нагло да ја менува височината, откако на неговата траекторија на летот се испречил авион на НАТО, објави во неделата рускиот воздухопловен оператор предупредувајќи на ризиците за цивилниот сообраќај во источноевропскиот воздушен простор.

Руските власти соопштија дека еден од двата инцидента се случил утрото на 3-ти декемви над Црното Море на летот од Тел Авив за Москва. Авионот со 142 патници морал да се спушти за 1.800 метри за да го избегне сударот. Екипажт на авионот „CL-600“ на НАТО не реагирал иако ја пресекол маршрутата утврдена за цивилната авијација.

„На 3-ти декември екипажот на авионот на ‘Аерофлот’ А330-300, на летот SU501 од Тел Авив кон Москва, доби наредба за измена на висината до FI330 а потоа и FI310. Инструкцијата дојде од контролорите на летањето поради тоа што на споменатата траекторија минувал друг авион“, соопштија од авиокомпанијата.

Појаснуваат дека екипажот при изведување на наредбата на диспечерот можел визуелно да го забележи другиот авион.

Истовремено во истата област летал малтешкиот авион „CL650“ на лет од Сочи до Скопје. Од НАТО засега не одговорија на обвинувањата.

„Правците и висините на летовите на цивилните авион беа навремено променети. Со преземањето на мерките, руските контролори на летање осигурија безбедно функционирање на летовите во споменатата област над отворените води на Црното Море“, објави руската федерална агенција за воздушен сообраќај „Росавијација“.

Истакнуваат дека зголемениот интензитет на летови на НАТО во близината на руските граници ги зголемува ризиците за цивилните патнички авиони. Агенцијата наведува дека ќе иницира протест преку дипломатски канали поради загрозувачката ситуација.

Руските власти подолг период наназад предупредуваат за зголемени активности на американските бпорбени авиони над Црното Море и потсетуваат дека минатиот месец десетици пати биле испратени руските ловци-бомбардери „Су-27“ и „Су-30“ кои ги преследуваат разузнавачките летала „RC-135“ и „CL-600“ спречувајќи приближување или минување на руските државни граници.