Русија ги обвини САД за ширење лаги за можен хемиски напад во Украина

Русија во средата порача дека тврдењата на САД и на Украина дека руската војска би можела да користи хемиско оружје во украинскиот конфликт е дезинформација бидејќи Москва ги уништила последните резерви од хемикалии во 2017 година под меѓународна контрола, но и оти укажува дека можеби украинската страна се подготува за таков потег под „лажно знаме“.

Украинското министерство за одбрана соопшти во вторникот дека ги проверува извештаите дека Русија „можеби“ употребила хемиско оружје во јужниот украински град Мариупол. Заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Маљар, во средата рече дека е „голема шанската“ дека Русија „ќе користи хемиско оружје“, а истото го повтори и претседател Владимир Зеленски претходно седмица. Маљар рече дека „постоела теорија’ дека во Мариупол е користена и фосфорна минуција,

Москва цел месец претходно предупредуваше дека Киев заедно со неговите западни инструктори кои се присутни во Укрина подготвуваат инсценирање наводен хемиски напад, во понеделникот украинскиот претседател Владимир Зеленски дека Русија „би можела да употреби хемиско оружје“ и го повика Западот на наметнување посилни санкции за Москва „да не се осуди ниту да зборува за употреба на такво оружје“.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, за новинарите во вторникот рече дека САД се „загрижени“ дека Русија би „можела да се обиде“ да посегне по хемиското оружје во Укаина.

Руската амбасада во Вашинготн повторно предупреди во соопштение дека укранските радикали се подготвуваат да инсценираат провокација користење на хемиско оружје и дека Пријс шри дезинформација.

„Го повикуваме Вашингтон да престане да шири дезинформации. Нед Прајс уште еднаш се истакна со своите безделнички приказни кои не се поткрепени со ниеден доказ“, се истакнува во соопштението на руската амбасада.