САД се залагаат за територијален интегритет само кога тоа одговара на нивната сопствена агенда, тврди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Нејзините коментари дојдоа откако Вашингтон го критикуваше водачот на босанските Срби Милорад Додик за неговите наводни сецесионистички амбиции.
Захарова инсистираше на тоа дека САД немаат проблем со поткопување на територијалниот интегритет на Србија кога Вашингтон ја призна отцепената покраина Косово како независна уште во 2008 година.
Во петочната објава на нејзиниот проофил на Телеграм, таа му се обрати на својот колега во американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, пишувајќи: „Неверојатно. Нед, обидете се да ја замените „БиХ [Босна и Херцеговина]“ со „Србија“, „Република Српска“ со „Косово“, „Дејтонскиот мировен договор“ со „Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“ и ќе добиете дијагноза – нарушување на поделена личност“.
Рускиот дипломат вели дека во 2008 година, Вашингтон грубо ја погази резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и повика на „значителна автономија за Косово“. Со тоа САД го крши територијалниот интегритет и суверенитет на мултинационалната Србија“, смета Захарова.
Претходно во петокот, Прајс изрази загриженост поради забелешките дадени претходниот ден од Додик, претседателот на Република Српска – еден од конститутивните делови на Босна и Херцеговина. Според американскиот функционер, Додик „упатувал повеќекратни закани за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина“.
Во изјавата за печатот, Прајс посоќи дека лидерот на босанските Срби користел „сепаратистичка реторика и закани за Дејтонскиот мировен договор“ – што тој ги опиша како „неодговорни“ и „опасни“.
Спротивно на тоа, претставникот на Стејт департментот го поздрави „евро-атлантскиот“ став на босанските власти и вети дека „ќе продолжат да го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на БиХ“.
Прајс, исто така, предупреди дека Вашингтон „ќе ги смета за одговорни оние кои се обидуваат да ги поткопаат институциите на БиХ и Дејтонскиот мировен договор“.