
Извештаите дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил хоспитализиран по неговото пристигнување на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали се „лажни вести од највисоко ниво“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Захарова, која исто така е на Бали, рече дека ги читала вестите со министерот за надворешни работи и „не можевме да им веруваме на очите“.
Шефот на дипломатијата не е во болница, и дека извештаите „се разбира, лажни вести од највисоко ниво“, кажа таа.
АП и некои други западни медиуми во понеделникот објавија дека Лавров бил однесен во болница поради проблеми со срцето веднаш по пристигнувањето на Бали.