Русија ги повика балтичките дипломати во Москва поради „саботирање“ на изборите

Русија ги покани на разговори вршителите на должност во амбасадите на трите балтички земји, за кои тврди дека ги „попречуваат“ претстојните руски претседателски избори во март.

Русија ги обвинува Естонија, Литванија и Латвија, трите поранешни советски републики, дека ги „саботираат“ руските претседателски избори и одбиваат да обезбедат избирачки места во руските амбасади на нивна територија.

Трите балтички земји со вкупно околу шест милиони жители имаат значајни руски малцинства од најмалку четвртина од тамошното население, но односите со Москва се влошени далеку пред по руската инвазија на Украина. Русија, а до пред неколку години повремено и Еврпската унија и Обединеите нации, им забележуваа на три земји дека не им ги овозможуваат малцинските и граѓанските права на Русите.

„Вршителите на работите на балтичките земји во Москва беа повикани во Министерството за надворешни работи поради немањето соодветен одговор на повторените повици од руската страна да се гарантира безбедноста за време на претседателските избори во март“, соопшти руското Министерство. .

Москва побара од трите земји да ги преземат „сите неопходни мерки“ за безбедноста на амбасадите за време на изборите. „Доколку се случи саботирање, ќе постапиме решително“, предупреди Министерството.

На претседателските избори во март се очекува да победи претседателот Владимир Путин поради долгото немање вистинска опозиција, како и високата доверба која актуелниот шеф на државата ја ужива меѓу населението и покрај војната во Украина која навлегува во третата година.