Русија ги повлекува дипломатите од Украина

Русија започна со повлекувањето на дипломатите од своите мисии во Украина, пренесува во средата агенцијата ТАСС повикувајќи се на извори во руската амбасада во Киев.

На амбасадата и на генералниот конзулат во пристанишниот град Одеса, каде што живеат бројни припадници на руската и рускојазичната заедница во Украина, знамињата се спуштени.

„Неколку автомобили утрово излегоа од конзулатот“, изјавил украински полицаец од обезбедувањето пред руското диплонатско претставништво во Одеса.

Руското министерство за надворешни најави најави евакуација на дипломатите од „безбедносни причини“ во вторникот, ден откако претседателот Владимир Путин ја потпиша резолуцијата на руската Дума со која се признава независноста на самопрголасените нардони републики во Донецк и Луганск на истокот на Украина и им испрати руски единици да ја одржуваат безбедноста на тамошното доминатно руско население стравувајќи од офанзива на силите под контрола на Киев.

САД и сојузниците поради тоа во средата наметнаа нови санкции против Русија и се заканија со уште поостри мерки ако се случи напад од пошироки размери.

Минатата седмица беше објавена снимка на која се гледа чад на руската амбасада во Киев. Неименуван вработен тогаш рекол дека персоналот ги согорува документите пред заминувањето.

„Тоа е вообичаена постапка. Во такви ситауции се преземаат мерки поради безбедносни причини“, изјавил изворот.

Украинското министерство за надворешни работи побара од претседателот Владимир Зеленски да ги прекине дипломатските односи со Русија. Тој во средата рече дека ја разгледува таквата можност.