Русија во средата објави дека војници и морнари од Северниот воен Ленингардски регион, кој граничи со членките на НАТО – Норвешка, Финска, Полска, Летонија и Литванија, учествуваат во втората етпа од воени вежби со тактичко нуклеарно оружје.
Ова во западните земји се доживува како проширување на областа каде што се изведуваат вежби по речиси целата руска европска граница, која се протега од Арктичкиот Океан до Црното Море.
Руското Министерство за одбрана во средата на платформата Telegram објави дека во рамките на втората фаза од вежбите на нестратешки нуклеарни сили, формации на Ленинградскиот воен округ вежбаат снабдување со муниција за ракетните балистички системи со долг дострл „Искандер-М“.
„Како дел од втората фаза од вежбите на нестратешките нуклеарни сили, екипажот на ракетната формација на воениот округ Ленинград уввежбува задачи за борбена обука за добивање специјална муниција за обука за оперативно-тактичкиот ракетен систем Искандер-М, опремување лансирање возила со нив и тајно напредување до одредената позиција област за подготовки за лансирање ракети“, соопшти руската војска.
Од друга страна, персоналот на бродските екипажи на морнарицата вклучени во обуката ќе бидат опремени со крстосувачки ракети на море со обука на специјални боеви глави и ќе излезе во одредени области за патрола.
Министерството за одбрана во вторник го објави почетокот на втората фаза од вежбата на нестратешки нуклеарни сили. Руската и белоруската војска ќе ја вежбаат својата подготвеност за употреба на нестратешко нуклеарно оружје.
Целта на маневрите е да се поддржи подготвеноста на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на двете земји за да се обезбеди суверенитет и територијален интегритет на државната Унија, склучена меѓу Белорусија и Русија уште од почетокот на 1990-те години. Првата етапа од вежбата започна на 21-ви мај кога Владимир Путин тоа го нарече „планирана работа“.
Претседателот Владимир Путин минатиот месец нареди вежби во Јужната воена област која гранички со Украина, откако западните власти сигнализираа дека ќе му дозволат на Киев да го користи испорачаното оружје за да нападне цели длабоко во руската територија.
Путин во петокот рече дека Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје за да победи во Украина, што е најјасен сигнал на Кремљ досега дека конфликтот во Украина нема да ескалира во нуклеарна војна.
Но, тој исто така не исклучи промени во руската нуклеарна доктрина, која одредува под кои услови може да се користи атомското оружје.
САД најавија дека сè уште не гледаат промена во стратешката агенда на Русија, иако разузнавачите многу сериозно ги сфаќаат руските изјави.
Русија и САД се веројатно најсилните нуклеарни сили во светот, со 80 отсто од вкупниот нуклеарен арсенал, според податоците на Федерацијата на американските научници.