Русија ги распореди хиперсоничните проектили со нуклеарен капацитет, објави во петокот руското министерство за одбрана, што е потег кој според претседателот Владимир Путин ја става земјата на првото место во областа на одвраќањето од нуклеарни напади.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го известил претседателот Владимир Путин дека проектилите се распоредени, се наведува во соопштението на министерството, во коешто не се наведува за тоа во кои региони новите пректили се наоѓаат. Русија ги развива ваквите проектили од последните години на минатиот век.
Новиот ракетен систем „Авангард“ има хиперсоничен мотор кој придвижува интерконтинентален балистички проектил и е едно од вооружувањата од новата генерација за којашто претходно Путин рече дека се пред своето време. Имено, според конструкторите на овој систем новата генерација на руските проектили со нуклеарни глави може да погодат речиси била која точка на планетата, но поважно е што можат да го избегнат американскиот противракетен штит.
„Денеска имаме единствена ситуација во недоамнешната историја. Тие (другите земји) се обидуваат да нѐ стасаат. Ниту една земја не поседува хипорсонични оружја, па дури ниту хиперсонични проектили со кус дострел“, порача Путин.
Американското министерство за одбрана во петокот со соопштение порача дека „нема да ги оценува руските тврдења“ за можностите на системот „Авангард“. САД ги развиваат хиперсоничните оружја од почетокот на XXI век, според извештајот на Истражувачката служба на Конгресот објавен во јули годинава.
Поради контролната површина на моторот хиперсоничниот проектил може непредвидливот да се движи и остро да маневрира кон метата. Хуперсоничните проектили, исто така, летаат пониско од вообичаените балистички проектили, чијашто траекторија е парабола. Експертите наведуваат дека радарот многу потешко ќе го открие хиперонисчни проектили. Покрај тоа, според некои процени, руските хуперсоничните проектили се опремени со уред за откривање на противничките антиракетни системи и радари.
„Авангард“ е стратешки комплекс со интерконтинентална балистичка ракета, засилена со планирачки крстосувачки боев блок. Според отворените извори, боевата глава е изработена и е тестирана уште од 2004 година. Има способност да лета во густите слоеви на атмосферата со брзина од поголема од 20 брзини на звокот, маневрирајќи во текот на летот во насоката и височината надминувајќи ја противвоздушната одбрана.