Русија ги воведе тенковите „Т-14“ на боиштето во Украина, подморнички вежби во Јапонското Море.

Русија започна да ги користи своите нови напредни тенкови „Т-14 Армата“ за гаѓање на украинските позиции, но сѐ уште не учествувале во директните офанзивни операции, а руските подморници во Јапонското Море потопиле цел кој имитирала непријателска подморници во рамките на воените вежби, пренесуваат во вторникот руските новински агенции.

Руската новинска агенција РИА повикувајќи се на неименуван соговорник, пишува дека тенковите „Т-14“, чии борбени способности чекаат да ги водат војските на САД и НАТО, кои се наоѓаат на украинска територија се дополнително зајакнати по страните, додека нивните екипажи ги минале процесите на „борбена координација“ на полигоните во Донбас, во југоисточна Украина, уште од крајот на минатата 2022 година.

Досега ниту Москва, ниту разузнавачките служби на западните земји и НАТО сојузници на Украина не известија за присуството на рускиот тенк кој предизвикува големо внимание и позитивни оцени кај воените аналитичари во светот на украинската територија.

Тенкот „Т-14“, познат уште и како „Армата“ има купола која се врти во цел круг и во која нема да има војник, туку екипажот далечински управува со оружјето кое може да дејствува и во движење од изолирана оклопна капсула сместена во предниот дел од трупот.

„Армата“ има комбиниран повеќеслоен оклоп, нова динамична заштита од типот „Малахит“ и комплекс за активна заштита „Афганит“. Главното вооружување на овој тенк е 125-милиметарска мазна артилериска цевка од типот „2А82-1м“, која може да користи наведувани проектили до дострел до 8 километри. Според отворени извори, брзината којашто „Т-14“ може да ја постигне на асфалт до 80 километри на час.

Британското воено разузнавање кое уште од 2014 година води активна пропаганда против Русија секогаш без да понуди докази, во јануари пишуваше дека наводно руските сили во Украина „лошо“ ја примиле првата пратка тенкови поради нивната „лоша состојба“. Но тогаш беше известено дека Русија во Донбас испратила тенкови од моделот „Т-55“ произведен во 1960-те години и тоа наиде на потсмев, во прв ред во Лондон и Берлин, и тврдење дека Русија нема тенкови па мора на фронтот да испраќа тенкови од Втората светска војна.

Британското воено разузнавање, исто така, наведе дека распоредувањето на „Т-14“ веројатно би била „одлука на висок ризик“ за Русија „донесена во прв ред во пропагандни цели“.

„Програмата која се развиваше 11 години, се соочи со одложувања, намалување на планираната големина на флотилата и извештаи за проблеми во производството“, тврди британското воено разузнавање.

Руската армија нарача производство на 2.300 тенкови „Т-14 Армата“, по нивната прва демонстрација на борбените способности во 2015 година, до 2020 година, но западните медиуми пишуваа дека рокот бил пролонгиран до 2025 година. Во декември 2021 година руската приватна новинска агенција Интерфакс објави дека државниот воен конгломерат „Ростек“ започнал производство на околу 40 тенкови кои треба да бидат испорачани во 2023 година.

Британија, инаку, во Украина ќе испорача 14 од своите најнапредни тенкови „Challenger 2“, кои во служба се пред три децении, се околу дваесет тони потешки од руските тенкови, како и американските „M-1 Abrams“, но според најавите од нив наводно ќе биде повлечена софистицираната технологија за да не падне во рацете на руската војска.

 

Подморнички вежби во Јапонското Море

Подморниците на руската Тихоокеанска (Пацифичка) флота уништеле импровизиран непријателски подводен објект во рамките на маневрите во Јапонското Море, пренесуваат агенциите повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Според објавата, станува збор за две дизел-електрични подморници од проектот „636.3“ „Вршајванка“ на Приморската флотила на Тихоокеанската флота извеле тактичка противподморничка вежба во Јапонското Море која вклучувала потрага и уништување на лажна непријателска подморница. Во понеделникот беше најавена и вежба на руски противподморнички разорувач во Јапонското Море.

Се наведува дека една од подморниците трагала и ја лоцирала целта, додека другата извела нејзино уништување со „торпеда за практична обука“, по што двете пловила тајно ја напуштиле областа, откако ги извршиле вообичаените маневри по гаѓање. Се додава и дека подморницата која ја играла улогата на непријател, извршила маневри за избегнување на торпедата.

Шест пловила од овој тип од руската класа дизелско-електрични јуришни подморници, на Западот познати како „подобрена класа Кило“, ќе бидат произведени за руската Северна флота на Арктик. Тие се вооружени со наведуваните крстосувачки проектили „Калибр-ПЛ“, долги се 74 метри и може да пловат без пристанување и до 7.500 наутички милји.