Русија накратко го наруши полскиот воздушен простор рано во неделата со крстаречка ракета лансирана кон цели во западна Украина, соопштија полските вооружени сили.
„На 24 март во 04:23 часот (03:23 по Гринич), полскиот воздушен простор беше нарушен со една од крстаречките ракети со долг дострел лансирани во текот на ноќта од Военото воздухопловство на Руската Федерација“, објавија полските вооружени сили на платформата X.
„Објектот влегол во полската област во близина на градот Осердов (Лублинско војводство) и останал таму 39 секунди. Во текот на целиот лет бил набљудуван од воени радарски системи.
Русија лансираше 57 проектили и беспилотни летала кон Украина во неделата, вклучително и во Киев и во западниот украински регион Л’вов, соопштија официјални лица.
Воздухопловните сили на Украина уништилеа 18 од 29 проектили лансирани од Русија и 25 од 28 беспилотни летала, тврди украинското воздухопловство на апликацијата за пораки Telegram.
Неколку експлозии го потресоа Киев рано во неделата, а украинските сили за воздушна одбрана уништија десетина проектили лансирани од Русија над главниот град и неговата околина, изјави на Telegram, Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев.T
Додаде дека во нападот е причинета само мала штета.
Русија со денови ја бомбардира преостанатата клучна инфраструткруа на Украина, а Москва овие напади ги опишува како одмазда за украинските напади врз цивилни цели на руска територија во кои имаше десетици цивилни жртви во текот на неодамнешните руски претседателски избори.
„Од третото утро пред зори оваа седмица, цела Украина е под воздушна тревога и на луѓето им се препорачува да бараат засолниште“, објави американската амбасадорка Бриџит Бринк во X рано во неделата.
„Русија продолжува неселективно да лансира беспилотни летала и проектили без да внимава на милиони цивили, што е кршење на меѓународното право“, вели Бринк.
Руското Министерство за обрана повеќепати предупреди дека украинските воени и командни центри, како и противвоздушната одбрана се стационирани во центрите на населените места и оти цивилните жртви најчесто се поради паднатите остатоци од проектилите на украинската противвоздушната одбрана и го обвинува Киев дека изминатите две години од војната ги кориси цивилите како жив штит.
Вооружените сили на Полска претходно соопштија дека полските и сојузничките авиони биле активирани за време на нападот за да се обезбеди безбедноста на послкиот воздушн простор.
Градоначалникот на Л’вов, Андриј Садовји на Telegram изјави дека немало напад врз градот, но околу 20 проектили и седум беспилотни летала биле лансирани на поширокиот регион на Л’вов, чија цел била „критичната инфраструктура“.