Кина има право да ги преземе „неопходните мерки за заштита на својот суверенитет“ порача Русија во вторникот оценувајќи дека постата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, е „очигледна провокација“, додека Обединетите нации во моменти на ескалација на тензии меѓу Пекинг и Вашингтон објавија дека се придржуваат на принципот „една Кина“.
„Кинеската страна има право да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет и територијална целост во врска со тајванскиот проблем“, соопшти руското министерство за надворешни работи.
Руската дипломатија посетата на Пелоси на Тајван и покрај острите негодување од Пекинг ги оцени како „очигледна провокација којашто треба да ја заузди Кина“.
Кинеската армија претходно порача дека „започнува низа насочени воени дејствување како одговор“ на посетата на Пелоси. Вечерта во вторникот дваесеттина кинески борбени авиони навлегоа во тајванскиот простор на одбрана а кинеската морнарица започна на три правци кој Тајван неколкудневни масивни маневри кои вклучуваат и боеви гаѓања со долг дострел и лансирање ненуклеарен проектил.
„Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од дејства кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност, како и да ја признае новата геополитичка стварност во која веќе нема место за американската хегемонија“, порача официјална Москва.
Малку претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека посетата на Пелоси на островот „го поттикнува растот на тензиите“ во регионот и го обвини Вашингтон дека го „избира патот на судири“.
„Сакаме уште еднаш да истакнеме дека потполно сме солидарни со Кина, нејзиното однесување во однос на овој проблем е разбирливо и сосема оправдано“, рече Песков.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова во своето огласување рече дека „Вашингтон внесува дестабилизација во светот. Ниеден разрешен судир последните децении, а мноштво поттикната судири“.
Обединетите нации на брифинг за новинарите преку својот портпарол Стефан Дужарик во врска со посетата на Пелоси на Тајван порачаа дека светската организација се раководи од резолуцијата на Генералното собрание за „една Кина“.
„Политиката на ОН по ова прашање е дека ние се водиме од Резолуцијата 2758 на Генералното собрание од 1971 година за Кина“, рече Дужарик за документот во кој се вели дека светската организација ги „признава претставниците на кинеската влада како единствени легитимни претставници на Кина во организацијата“, во којашто Кина е една од петте постојани членки на Советот за безбедност со право на вето.
Пелоси во вторникот вечерта допатува на Тајван, и покрај острите предупредувања од Кина, што е првата по 25 години посета на островот на некој американски функционер на највисоко ниво.