Русија го потврди нападот во Кременчук, но тврди дека трговскиот центар не работел

Руската војска го потврди нападот врз украинскиот град Кременчук, но истовремено тврди дека на просторот на трговскиот центар во времето на ракетирањето немало цивили, а дека дел од него бил користен како складиште за муниција и обука на припадниците на украинската територијална одбрана.

Според соопштението на руското министерство за одбрана објавено во вторникот, во воздушниот удар се погодени складишта во коишто се наоѓало оружје и муниција донесена во Украина од земји на ЕУ и од САД.

„Детонацијата на муницијата потоа предизвикала пожар во блискиот трговски центар кој повеќе не беше во функција“, тврди руското министерство за одбрана, повторувајќи дека тактиката на украинските сили е воено злосторство, бидејќи огнени позиции и воена опрема се поставуваат во или блиску до цивилна инфраструктура, која така ја претвораат во легитимна воена цел.

Од друга страна Украина тврди дека во рускиот напад врз „трговскиот центар“ кој бил „преполн“ загинале најмалку 18 луѓе, а 60 се повредени. Во вторникот претпладнето од Киев беше објавено и дека 36 лица се водат како исчезнати, како и дека се уништени голем делови од зградата.

Украина повика на свикување итна седница на Советот за безбедност при Обединетите нации во врска со нападот, на што првиот заменик на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Полјански за медиумите изјави дека станува збор дека случајот со Кремечуг е во „стилот на Буча“, односно киевското предградие каде наводно четири дена откако од таму се повлекоа руските сили на улиците беа наоѓани тела на убиени.

„Веќе има премногу видливи недоследности (во случајот на Кременчуг). Токму тоа му е потребно на режимот на Киев за да го задржи фокусот на Украина пред самитот на НАТО“ во среда и четврток во Мадрид, изјави Полјански.