Русија го заострува законот за странски агенти

Русија во средата одлучи да го заостри законот за „странски агенти“, според кој сите организации или поединци коишто примаат пари или друга поддршка од странство или се под форма на влијание од странство, односно со седишта во странство тоа мора јавно да го објават и ќе бидат сметани за странски агенти.

Законот беше донесен во 2017 година како одговор на одлуката на САД за прогласување на телевизискиот канал RT, поврзан со Кремљ, како „странски агент“.

Според примерот на САД и тамошниот повеќедецениски закон и Русија пред пет години закон донесе закон со кој се опфатени медиуми, невладини организации и поединци кои според рускиот закон како „странски агент“ треба да се регистрираат сите кои примаат средства или имоти од странство, вклучително и руски правни лица коишто се спонзорирани од странски извори. Одлуката кој ќе биде прогласен за „странски агент“ ја носи министерството за правда. За тоа е формиран посебен регистар на медиуми „странски агенти“, и субјектите од оваа категорија се должни тоа како и добиените суми јавно да ги објават.

Законот кој стапува на сила на почетокот од декември е прифатен во рускиот парламент во средата. Руското законодавство невладините организации можеше да ги прогласи за „странски агенти“ само доколку се финансирани од странство.

Западните критичари обвинуваат дека руското правосудство ќе презема „уште повеќе политички мотивирани мерки проти припадниците на опозицијата“, која за волја на вистината е слаба и расцепкана во Русија, како и против дисидентите, бидејќи новиот закон бил составен „многу нејасно“.

„Сега навистина секој може да биде прогласен ‘странски агент’“, објави независниот информативен портал Медуза, кој и самиот со месеци се наоѓа во соодветниот регистар на руското министерство за правосудство.

Независните медиуми се жалат дека наводно поради овој закон ќе загубат важни огласувачи и дека повеќе не се во состојба да се финансираат.

На лицата коишто ќе бидат регистрирани како „странски агенти“, односно кои примаат пари од странски невладини и владини ресурси, исто така, ќе им биде забрането да предаваат во руските училишта.