Индија и Русија потпишаа во понеделникот низа договори кои содржат соработка во сферите на вооружувањата во текот на посетата на Њу Делхи на рускиот претседател Владимир путин, вклучително и договорот индиската наменска индустрија да произведе повеќе од 600.000 автоматски пушки „калашников“.
Путин допатува во посета на Индија придружуван од министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и за одбрана Сергеј Шојгу, во периодот на силно тензичните односи меѓу Русија и САД кои настојуваат Индија да ја направат клучен фактор во азиско-пацифичкиот регион спротиставен на Кина. Вашингтон притоа во врска со оваа средба изрази резерви во врска со сѐ поинтензивната и растечка според обемот воена соработка меѓу Москва и Њи Делхи.
Во заедничкото соопштение објавено по развоворите на рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди, се исјтанува дека Русија и Индија „ја повторија својата намера за јакнење на соработката во сферата на одбраната, вклучително и заедничкиот развој во производството на воена опрема“. Притоа, меѓу другото, се истакнува дека Русија и Индија се спротиставуваат на намерите Вселената да стане нова сфера на трката во вооружување.
Покрај новиот договор со кој Индија ќе ги произведува јуришните пушки „АК-203“, Русија порача дека е и натаму е заинтересирана да одговори на намерите на Индија и да ѝ ги испорачува напредните противвоздушни одбранбени системи С-400.
Индискиот министер за надворешни работи Харш Вардан Шрингла изјави дека двете земји потпишале 28 инвестициски договори, вклучително и договори за челикот, во бродоградењето, јагленот и енергијата. Додаде дека во моментов се приметува договорот од 2018 година за ракетните системи С-400.
„Испораките започнаа овој месец и ќе продолжат“, изјави за новинарите министерот Шрингла зборувајќи за противвоздишните системи.
Западните аналитичари наведуваат дека со договорите со Москва за купување воена опрема, како што во минатото беа за продажба на хеликоптери и авиони, Индија ризикува американски санкции.
Руската нафтена компанија „Роснефт“ соопшти дека потпишала договор со индиската компанија „Indian Oil“ за снабдување на Индија со околу два милиона тони нафта до крајот на 2022 година.
Двете земји, исто така, потпишале меморандум за разбирање според кој Русија треба континуирано да ја снабдува Индија со јаглен со цел да се стимулира нејзиното произвдоство на челик.
Путин и Моди, исто така, дискутирале за ситауцијата во Авганистан, изразивајќи ги своите обврски да обезбедуваат оваа земја „повеќе никогаш да не стане безбедно пристаниште за меѓународниот тероризам“.