Русија и Кина на поморски маневри вежбале заробување подморници

Воените пловила на Русија и Кина ги завршија поморските маневри во водите на Источнокинеското Море по една седмица вежби кои вклучувале и увежбување заробување непријателски подморници и гаѓање противнички бродови со поморска артилерија, соопшти руското министерство за одбрана.

Во текот на маневрите под називот „Поморска интереакција-2022“, кои се одржуваа од 21-ви до 27-ми декември, учествувале бродови на руската Пацифичка флота, а биле изведувани во водите кај Жушан и Тајжу во кинеската покраина Жеџијанг, извести кинеската службена агенција Xinhua.

„Одреди воени бродови на Пацифичката флота и на поморските сили на Народноослободителната армија на Кина ги завршија практичните задачи во рамките на билатералните поморски вежби. Бродовите на двете земи, со поддршка на противподморничката авијација, заеднички трагаа по подморница на условен непријател и истрелаа низа млазни длабочински бомби“, соопшти руското министерство за одбрана.

Министерството за одбрана на својата веб-страница објави видео кое прикажува група руски и кинески воени бродови во Источнокинеското Море, на коешто е забележливо како руските морнари зборуваат на мандарински дијалект со своите кинески колеги.

Русија и Кина, особено последните пет години интензивно соработуваат на полетот на одбраната, и годинава веќе одржаа неколку големи маневри на копнените војски, поморски патролирања и патроли на стратешките авијации на двете земји во Пацификот.

И покрај инсистирањето на САД, Кина да се дистанцира од Русија особено во поглед на војната во Украина, и толкувањата во Западните медиуми дека кинескиот челник Кси Џинпинг му искажал забелешки на рускиот претседател Владимир Путин во врска со украинската криза, јавно нема такви забелешки од страна на Пекинг.

Путин, кој неодамна означи почетокот на проектот на ново сибирско наоѓалиште на гас насочено кон Кина, до крајот на годинава ќе има телефонски разговор со Кси.