Русија и Кина вложија вето на резолуцијата за сириски Идлиб во ОН, отфрлен и нивниот предлог

САД, Франција, Велика Британија и други членки на Советот за безбедност на Обединетите нации гласаа против нацртот-резолуција за прекинот на огнот во Идлиб, која ја предложија Русија и Кина, кои, пак, вложија вето на предлогот на Германија, Белгија и Кувајт, а главен камен на сопнување беше тоа што Москва и Пекинг се залагаа примирјето да не се однесува на терористичките групации чиешто последно упориште се делови од споменатата северозападна покраина на Сирија.

За текстот се преговараше две седмици, и притоа Русија се залагаше примирјето да не се применува на „терористичките операции“ во покраината Идлиб. Тоа не беше прифатливо за поддржувачите на резолуцијата поднесена од Германија, Белгија и Кувајт, велејќи дека тоа би овозможило различни толкувања и евентуално би довело до до нови напади врз цивилите во Сирија. Трите земји предложувачки на резолуцијата се согласија на формалицијата „терористички мерки“ со ислов да го почитуваат меѓународното право, истакна Германија.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја го критикуваше „напливот од хуманитарен активизам“ кај другите членки на Советот за безбедност секогаш кога владата на Сирија ќе оствари успех во ослободување на териториите кои се под контрола на бунтовниците. Небензја додаде дека во моментов не се водат никакви големи воени операции во Идлиб.

„Секогаш истата песна, терористите се престоруваат во претставници на опозицијата. Резолуцијата од самиот почеток е осудена на неуспех и вие свесно внесувате поделба во Советот за безбедност“, рече Небензја неколку дена пред почетокот на годишното Генерално собрание на ОН на ниво на председатели на држави и влади.

Истовремено нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност со коешто се бараше примирје на северозападот од Сирија со исклучок на воени напади против терористичките групи кои се на списокот на ОН, која ја предложија Русија и Кина не го доби минимумот од девет гласови. Само Русија и Кина гласаа за овој текс,. Девет членки беа против, а четири се воздржаа. За усвоијување на реолуција се потребни девет гласови, со тоа петте постојани членки на Советот за безбедност САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина да не вложат вето.

Москва и Пекинг го предложија нацртот на резолуцијата во одговор на претходниот предлог на кој нивните претставници вложија вето поради тоа што не вклучуваше исклучоци за терористичките групации. Нивната резолуција повика на итен прекин на огнот во Идлиб кој би стапил на сила од полноќ на 20-ти септември.

„Престанокот на непријателствата не се однесува на воени операции против лица, групи, претпријатија и организации поврзани со терористичките групи, како што е утврдено од Советот за безбедност“, се наведува во руско-кинескиот предлог.

Покрај тоа, авторите укажуваат на несоодветнота на координатите на објектите во Идлиб, доставени до страните за вклучување на списокот за деконфликтинг, односно нивната вистинска локација. Во документо, исто така, се изразува загриженсота од тоа што постојат и разлики во донос на целите на употребноста на некои објетки. Во минатото постоеја разлики во информациите за операциите во Идлиб, која Дамаск тврдеше дека станува збор за утврдувања на милитантите, а коалицијата на САД дека станувало збор за цивилни објекти.