Русија и САД договорија датум за преговори за безбедносните прашања

Функционери на Русија и на САД во екот на ескалирањето на воените тензии во прв ред околу Украина, ќе учествуваат на безбедносните преговори на 10-ти јануари, потвртиле за Reuters извори од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, и за агенцијата ТАСС рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Многу е веројатно и дека Русија ќе ги прифати предлогот на НАТО да се одржат заеднички разговори на 12-ти јануари, а поширок состанок на кој покрај претставници на Москва и Вашингтон ќе присуствуваат и на некои европски земји, е договорен за 13-ти јануари.

Русија, којашто го вознемири Западот со силни воени активности во пограничните области кон Украина за кои вели дека се одговор на зголеменото воено присуство на НАТО на нејзините граници и трупањето војски, испорача листа од теми кои се однесуваат на безбедноста во Европа, од кои клучна е онаа за правно обврзувачкиот договор за неширење на Алијансата на Исток.

„Кога ќе седмене и разговараме, Русија може да ги претстави своите грижи, но и ние ќе ги претставиме оние руски активности кои не загрижуваат“, изјавил за Reuters неименуван соговорник од Советот за национална безбедност на Белата куќа. Додал дека ниедна одлуика за Украина нема да биде донесена без Киев.

„Во Женева ќе се одржи состанок…. 10-ти јануари е главниот дел за билатералните руско-американски консултации, коишто, се надеваме. Ќе се трансформираат во преговори за нашите предлози“, изјавил за ТААС, заменикот на шефот на руската дипломатија.

Според Рјабков, сугурно е дека двете страни нема да ги решат сите прашања за безбедносните гаранции на една средба.

„Невозможно е да се постигне договор за еден ден, но не можеме ниту да го одолговлекуваме процесот, прашањето е многу итно и многу сериозно“, нагласил Рјабков.

И според рускиот дипломат, по руските-американските консултации во Женева, во Брисел ќе одржат консултациите меѓу Русија и НАТО:

„По средбата во Женева, очигледно, ќе може да се организира настанот во Брисел со НАТО, и сега се разработуваат и организациските и другите модалитети за тој настан“, додава Рјабков.

Истакнал дека, барем што се однесува до руската делегација на разговорите во Женева, таа ќе биде меѓуресорска, односно дека во неа освен дипломати ќе бидат учествуваат и функционери од министерството за одбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно во понеделникот ги потпиша законот за одбрана, кој меѓу другото обезбедува и 300 милиони долари за поддршка на армијата на Украина. Американското разузнавање наведува дека наводно рускиот претседател Владимир Путин планира инвазија врз соседната земја и му се закани со „брутални санкции“, што тој го негира, но предупреди дека доколку НАТО и САД и натаму го зголемуваат своето воено просуство на границите на Русија – нејзиниот одговор ќе биде остар и разновиден.