Русија има доволно пари за компензација на постојан пад на цените на нафтата

Руското министерство за финансии извести во понеделникот дека на 1-ви март во Фондот за национална благосостојба е забележана сумата од 10,1 трилиони рубљи, или 150,1 милијарди доалри, пто е доволно за надоместување на помалите пригоди од падот на цените на нафтата на 20 до 30 долари во текот на период од шест до десет години.

Во извештајот се наведува дека доволната сума на ликвден капитал претставува гаранција за исполнување на обврските на државата и одржување на макроекономската стабилноста во земјата во услови на постојано ниски цени на нафтата.

Руското министерство за финансии оценува дека стравовите од значителноте намалување на потрошувачката на енергенсите поради забавувањето на глобалната економиоја и намалените на трансппортните текови би довеле на пониски цени на нафтата од марката Urals, под базичнтоо ниво утврдено со буџетските правила.

Во понеделникот во 10 часот по московско врреме, цената на нафтата Urals падна за 25 отсто и изнесуваше 33,92 долари за парел.

Министерот за енергетика, Антон Силуанов, повеќепати истакна дека буџетот ќе може да ги финансира трошоците и буџетот, дури и доколку цената на нафтата падне на 30 долари по барел.

Доколку цената на нафтата падне под 42 долари за барел, во Русија се создаваат загубени буџетски проходи кои се финансираат од Фондот за национална благосостојба со користење на механизмот на буџетските правила, односно со продажба на девизи на отворениот пазар.

„Спроведувањето на оперецијата на отворениот пазар ќе го надомести намалувањето на приливот на девизи од извозот на нафтата и нафтените деривати поврзани со намалувањето на цените на нафтат, што ќе има стабилизрачки ефект врз националната валута“, соопшти руското министерство за финансии.

Цените на нафтата на светските пазари потонаа во понеделникот за повеќе од 30 отсто, најмногу по 1991 година, бидејќи Саудиска Арабија започна нова „ценовна војна“ со Русија драстично намалувајќи ги своите продажни цени и порачувајќи дека ќе го зголеми производството.

На самиот почетокот од тргувањето во понеделникот цената на баралот на лондонскиот пазар потона за повеќе од 14 долари или за 31,5 отсто, на 31,02 долари. На американскиот пазар, пак, цената на барелот се лизна за 32 отсто, на 28 долари.

Ваков остар дневен пад на „црното злато“ не е забележан уште од јануари 1991 година, кога започна првата Заливска војна и кога цените потонаа за 33 отсто.

Драстичниот пад на цената на нафтата на најниското ниво од февраури 2016 година, е последица на одлуката на Саудиска Арабија, најглеомиот светски извоз на нафта, за да ја „казни“ Русија, вториот најголем светски прозиводител на нафта, која во петокот не се согласи на предлогот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), за натамошно намалување производството.

OPEC и нејзините довчерашни сојзуници предводени од Русија, подолго време се придржуваа до договорот за намалување на производството за 1,7 милиони барели дневно, за да ги поддржат цените на нафтата, кои се под притисок поради преголемо производство.