Русија има список на западни капитали што би ги запленила доколку се конфискува рускиот имот

Кремљ во петокот предупреди дека има список на американски и европски капитали и сопствености кои ќе бидат запленети доколку лидерите на Г7 ги конфискуваат 300 милијарди американски долари замрзнати од руската централна банка.

Челниците на седумте, како што се декларираат – индустриски најразвиените земји во светот – ќе разговараат за нова правна теорија на состанокот во февруари што ќе овозможи заплена на руски имот, изјавија за Reuters во четвртокот два извора блиски до планот, а потврди во петокот неименуван британски функционер. Разгледувањето доаѓа и покрај предупредувањата на низа водечки светски правници и економисти, дека таквиот потег кој во моментов нема никаква легалност во меѓународното право би можел да предизвика силен потрес на глобалниот финансиски пазар.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот дневен брифинг со акредитираните странски и домашни новинари, во петокот рече дека таквиот потег на Западот ќе претставува „кражба“, кршење на меѓународното право и закана за резервните валути, глобалниот финансиски систем и светската економија воопшто.

„Тоа би било голем удар за главните параметри на меѓународната економија, ќе ја поткопа меѓународната економија. Исто така, ќе ја поткопа довербата на земјите во САД и ЕУ како економски гарантори. многу сериозни последици“, рече Песков.

Притоа потврди и дека постои список на западни средства кои Русија би ги запленила во знак на одмазда, но не прецизираше за кои средства и средства станува збор.

„Секако дека има. Сфаќањето на непредвидливоста на нашите ткн контрагенти, целосна непредвидливост и, сфаќајќи ја нивната тенденција да го прекршуваат меѓународното право и другите закони, вклучително и нивните сопствени национални, разбирајќи ја нивната тенденција за самоуништување, мислам на уништување на современиот економски систем, поткопувајќи ја довербата во основните постулати на светскиот економски систем, мислам на главната резервна валута, принципот на неповредливост на имотот и тн, тогаш, се разбира, однапред ги анализиравме можните одмазднички чекори и ние ќе сториме сé на начин што најдобро одговара на нашите интереси… Затоа, таквите постапки се полни со многу, многу сериозни последици“, предупреди Песков.

По почетокот на руската инвазија во Украина кон крајот на февруари 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Запад. Некои западни политичари бараат замрзнатите руски средства во вредност од околу 300 милијарди долари да ѝ бидат предадени на Украина за да ја обнови нејзината економија опустошена од војната. Американските и британските власти ги зајакнаа напорите во последниве месеци за конфискација на руските средства замрзнати во Белгија и другите европски престолнини.

Како одговор, минатата седмица претседателот Владимир Путин наложи на два европски концернаа „Wintershall Dea“ и OMV, да им бидат блокирани уделите во вредност од повеќе милијарди долари во заедничките гасни проекти на рускиот Арктик.

Во продолжение од брифингот Песков уште еднаш посочи дека западните санкции против Русија имале само спротиве ефект и е веќе очигледен, па како што рече, многу странци почнале да размислуваат во врска со нивната ефикасност и оправданост.

„Едно време, кога Европејците и Американците воведоа такви невидени санкции против нас, тие воопшто не размислуваа за ефектот на бумерангот. Но сега тоа е веќе очигледно, и тие не само што размислуваат за тоа, туку многумина веќе се прашуваат дали ја направиле вистинската работа. Таквите постапки ќе имаат попогубни последици во однос на планот за обемот на кражба на нашите средства“, рече Песков.