Руските сили започнаа голема контраофанзива против украинските војници кои минатиот месец влегоа во западна Русија и зазедоа делови од територијата, ги пренесува Reuters објавите на „промосковските“ воени блогери.
На 6 август, Украина го започна, како што тоа се претсевува на Западот, најголемиот надворешнте напад врз Русија од Втората светска војна, пробивајќи ја границата во рускиот регион Курск со илјадници војници поддржани од големи количества беспилотни летала и тешко оружје, тенкови и вклучително и друго оружје од западно производство, но и со бројно учество на странски платеници.
Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина и уште двајца влијателни блогери, Рибар и Двајца мајори, кои редовнос се цитирани во западните медиуми, изјавија дека руските сили започнале значајна контраофанзива во Курск.
„Во регионот Курск, руската армија започна контраофанзивни акции на западното крило на непријателскиот клин, намалувајќи ја украинската зона на контрола во близина на државната граница“, според блогот Два мајора.
Подољака вели дека руските сили зазеле неколку села во западниот дел на Русија претходно под контрола на украинските сили, потиснувајќи ги украинските сили источно од реката Малаја Локња јужно од селото Снагоста.
Reuters наведува дека не можел да ги потврди извештаите од бојното поле поради известувањето за ограничувањата на двете страни од војната.
Во соопштенијата на руското Министерство за одбрана има малку информации за борбите. Москва вообичаено ден-два доцни со потврда на информациите кои претходно се појавуваат на блоговите и социјалните мрежи. Од Украина засега нема коментар за ситуацијата во Курск.