Нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола од првите денови на војната во февраури 2022 година, во понеделникот објави дека украинско беспилотно летало е соборено над покривот на реакторот бр.6.
„Денеска над нуклеарната централа беше соборен камиказе дрон. Падна на покривот на единицата 6“, објави нуклеарната централа, под фотографијата на реакторот број 6.
Реакторот број 6 во моментов е исклучен, велат од централата.
Русија објави дека Украина трипати ја нападнала нуклеарната централа Запорожје во неделата и побарала од Западот и меѓународните организации да реагираат за спрачување нукеларна катастрофа, но Киев тврди дека нема никаква врска со тоа.
Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во 2022 година, веднаш по почетокот на инвазијата на Украина. Москва и Киев постојано се обвинуваат меѓусебно дека ризикуваат нуклеарна катастрофа со напад на нуклеарната централа, но украинските тврдења немаат смисла имајќи предвид дека постројката е под руска контрола.
АЕЦ Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Дњепар во близина на градот Енергодар. Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа според број единици и инсталирана моќност – има шест енергетски блокови со моќност од еден гигават. Во октомври 2022 година, објектот и стратешката околина целосно се под руска контрола. Сега сите негови единици се исклучени, опремата се одржува во согласност со прописите под строга контрола на стандардите за радијациона безбедност. Од 1 септември 2022 година, експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ- IAEA) се во континуирани инспекции во нуклеарната централа Запорожје.