Русија известила дека ја контролира најголемата украинска нуклеарна централа

Руските сили сега ја контролираат најголемата украинска нуклеарна централа, изјави во средата челникот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), наведувајќи го известувањето од Москва.

Руските дипломати во седиштето на организацијата во Виена го известиле генералниот директор на IAEA, Рафаел Гроси, за развојот на ситуацијата изјавил во средата.

Според писмото на руското претставнишво во IAEA, персоналот на нуклеарката во Запорожје осигурува безбедна работа. Известен е и дека нивото на радијацијата е нормално.

Во Украина, во којашто од минатат седмица трае руската офанзива, во работна состојба се 15 нуклеарни реактори во четири централи. Гроси порано предупреди на опасност од сериозна нуклеарна несреќа додека се водат борбите ширум земјата. Управниот одбот на IAEA би требало да се состане во средата за да разговара за ситуацијата.

Претходно Киев ја извести IAEA дека е во контакт со сите нуклеарни централи во земјата и дека тие работат нормално. Според Антон Херашченко, советник во украинското министерство за внатрешни работи, руските сили исто така се обидуваат да ја заземат нуклеарната центара на југот на Украина, на околу 350 километри од Запорожје. Наводно неколку воени хеликоптери тргнале во тој правец,.

Во понеделникот Москва објави дека руските единици ја преземале контролата врз територијата околу нуклеарната централа во Запорожје, поставиле обезбедување а персоналот на централата продолжил со работа и сервисирање на објектите и редовното контролирање на нивото на радиоактвиност коешто во моментов е во нормалата.

Минатат седмица руските едници ја заземаа затвоената нуклеарна во Чернобил. Руското министерство за одбрана објави во саботата видео на коешто е прикажано како припадници на Националната гарда на Украина и руски војници кои учествуваат во воената операција во соседната земја го обезбедуваат реакторите и саркофагот на нуклеарната централа во Чернобил.

Руската војска утрото на првиод ден од офанзивата во Украина потврди дека ја зазела нуклеарната централа Чернобил и дека војниците склучиле договор со тамошните украински сили.

Реакторите во Чернобил треба да бидат демонтирани до 2064 година. Реакторот број четири во електраната на 110 километри северно од главниот град Киев експлодираше на 26 април 1986 година, кога радиоактивниот материјал беше исфрлен високо во атмосферата.