Во декласифицирана проценка на американското разузнавање се наведува дека Русија набавува милиони артилериски гранати и ракети од Северна Кореја во нејзината шестмесечна инвазија на Украина, што е индикација за ефектот што западните санкции го имаат врз руските воени напори. „Њујорк тајмс“ ги објави наодите, но наведе дека спецификите на таквите пратки, вклучувајќи го нивниот тип и време, се нејасни. Весникот цитираше неименуван американски официјален претставник дека се очекува таквите набавки да продолжат и можеби да се прошират надвор од ракетите и муницијата со краток дострел.
Објавувањето на проценката на САД следи по извештаите во минатиот месец од американски извори кои тврдат дека имало механички или технички проблеми меѓу првите два вида воени беспилотни летала купени неодамна од рускиот сојузник Иран.
Западните влади и членките на НАТО и дадоа на Украина десетици милијарди долари оружје и друга воена помош за кампања што некои ја сметаат како потенцијална отскочна штица на Кремљ за понатамошни војни за територијално проширување, особено меѓу поранешните советски републики.