Русија лансираше 26 проектили, едно лице загина, соопштија украинските воздухопловни сили

Во текот на изминатата ноќ Русија лансираше 26 проектили кон Украина и во тој напад загина едно лице на североистокот, соопштија од украинските воздухопловни сили.

Една жена загина во Чугујив, каде се урна станбена зграда, се додава во соопштението.

Според украинските сили, биле соборени 13 проектили.

Претходно утрината беше објавено дека Украина објавила воздушна тревога по информациите дека група авиони бомбардери полетале од база во Русија, што предизвика страв од нови бомбардирања.

Снимено е полетувањето на неколку авиони „Тупољев Ту-95МС“ од аеродромот Олења, кој се наоѓа во областа Мурманск во североисточна Русија, се наведува во пораката на украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм.