Русија: Монструозни конструкции дека руските сили убиле луѓе што чекале за леб

Руското министерство за одбрана остро ги отфрли тврдењата во твот на американската амбасада во Украина дека наводно руските сили пукале и убиле десет луѓе кои во Чернигов чекале во ред за леб, истакнувајќи дека во таа боласт нема руски единици.

Американската амбасада во Лвов претходно во средата на Twitter објави дека навдоно руските сили убиле десет лица кои чекале во ред за леб во украинскиот град Ченигов.

„Денеска руските сили пукаа и убија 10 луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернихив. Таквите ужасни напади мора да престанат. Ги разгледвуаме сите достапни можности за да осигуриме одговорност за сите злосторства во Украина“, беше објавено од амбасадата на САД.

Амбасадата не наведе никакви докази за нападот во соопштението на своите официјални страници на Twitter и Facebook. Притоа, ниедна западна агенција не јави за таков инцидент, а објавата на амбасадата ја коментираа дека не можела да се провери од независни извори.

Портпарокот на руското министерство за надворешни работи, генерал-мајоро Игор Конашенков на брифингот во Москва изјави дека извештајот и снимките од наводни жртви во украински медиуми се „измама на украинските тајни служби“.

„Ниеден руски војник не е во Чернигов, ниту бил во Чернигов. Сите сили се надвор од градското подрачје на Чернигов, ги блокираат патните правци но не изведуваат никакви офанзивни акции“, рече Коначенков.

„Непроверена лага“ ја коментираше објавата на американската амбасада.