Русија може да го намали производството на нафтата до 7 отсто

Русија од почетокот на 2023 година ви можела да го намали производството на нафта за 5 до 7 отсто, како одговор на ограничувањето на цените на нејзината сирова нафта и дериватите и да ја запре продажбата на земјите коишто ја поддржуваат оваа мерка воведена од ЕУ, Г7 по иницијатива на САД, рече во петокот за јавната телевизија рускиот вицепремиер Александр Новак.

Изнесувајќи ги првпат поединостите за одговорот на Москва на ограничувањето на цената на нафтата коишто Западот ја воведе под изговор за руската инвазија во Украина и со цел да ѝ ги скуси приходите кои би оделе за војската.

Новак рече дека кастрењата на производството би можело да достигнат меѓу 500.000 и 700.000 барели нафта дневно. Додаде дека и покрај напорите на Европската унија да ја намали зависноста од руската нафта и гас, руските енергенси се барани ширум светот и дека Русија ќе ги диверзифицира своите купувачи.

Рускиот вицепремиер, кој до пред две години во два четиригодишни мандата беше министер за енергетика, тврди и дека без руските енергенси ќе биде тешко да се осигури глобален економски развој, а предводува и можен недостиг од гас во Европа, којашто исто така како и за нафтата, воведе ограничување на цената на гасот/.

Кога станува збор за нафтата , на ЕУ и Г7 од 5-ти декември им се приклучи и Австралија во ограничувањето на цената од 60 долари за барел, покрај ембаргото на ЕУ на увозот на руската сирова нафта којашто се испорачува по море и сличните ветувања од Велика Британија, Канада, САД и Јапонија којашто ја иззема од ограничувањето и ембаргото нафтата од руското наоѓалиште Сахалин 2 во кој се произведува и течен природен гас (LNG) во кој јапонските компании имаат сопственички удели. Ограничувањето на цената, инаку, не се однесува на руската нафта којашто западните компании ќе ја купат од трети извори кои ја набавиле по споменатиот ценовен лимит.

„Веруваме дека во моменталната ситуација дури е можно да се ризикува помало производството, а не да се водиме од продажната политика земајќи го предвид ограничувањето на цените. Денес тоа е 60 долари, утре може да биде и нешто друго, а за нас е неприфатливо да зависиме од некои одлуки на непријателските земји“, рече Новак.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно во четвртокот изјави дека на почетокот од следната седмица ќе донесе уредба за постапките коишто ќе ги преземе Москва како одговор на ограничувањето на цената.

Новак изјави дека со уредба ќе биде забрането продажба на нафта и нафтени деривати на земјите кои ќе го прифатат ограничувањето на цените и на компаниите коишто го бараат нивното почитување.

Додаде, исто така, дека се очекува руското производство на нафта да порасне од 524 милиони тони во оваа година на 535 милиони тони, односно 10,7 милиони барели дневно во 2023 година, додека производството на природниот гас ќе опадне за петтина, на 671 милијарди кубни метри.

Агенцијата Reuters оценува дека западните санкции ја погодиле продажбата на руската нафта, која носи голем дел од приходите во државниот буџет. Извозот на руската сирова нафта од марката Urals од пристаништата во Балтичкото Море би можел да падне и до 20 отсто во декември, се проценува, но тоа бездруго ќе ги принуди европските купувачи на набавки од подалечните дестинации. Од почетокот на декември руската сирова нафта Urals се продавала со поголеми попусти, а доминантен купувач била Индија, којашто ја купувала наводно по значително пониска цена од 60 долари за барел, пишува Reuters но не е објавена точната цена.

Новак признава дека во моментов има попусти, но верува дека наскоро тие ќе бидат стабилизирани, и наведе дека Русија поголемиот дел од годината се подготвувала за санкциите и ограничувањата на цените.

Исто така, го пофали работењето на групата водечки светски производители од нафтениот картел Организацијата на земјите извознички на нафта и другите големи независни производители предводени од Русија познати како OPEC+, велејќи дека цените на нафтата следната година веројатно ќе се задржат во распонот од 70 до 100 долари за барел, освен доколку не дојде до непредвидени настани.