Русија може да го замрзне дијалогот со ЕУ, порача Лавров

Русија би можела на одредено време да го замрзне дијалогот со Европската унија доколку западните земји не се подготвени да одржуваат дијалог кој ќе почива на меѓусебно почитувње, порача во вторникот вечерта рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ден откако ЕУ одлучи на Москва да ѝ наметне санкции поради наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални

„Луѓето кои се одговорни за надворешната политика на Западот не ја разбираат потребатата од заеднички и дијалог кој ќе се заснова на меѓусебно почитување“, изјави Лавров на презентацијата на извештајот „Утопија на разноликиот свет: како продолжува историјата“, во организацијата на меѓународниот дебатен клуб на институтот „Валдаи“.

„Можеби затоа треба едноставно извесно време да престанеме да комуницираме со нив. Особено затоа што (претседателката на Европската комисија) Урсула фон дер Лејен вели дека геополитичката соработка со сегашните руски власти не функционира. Па нека и биде така, ако тие така сакаат“, додаде Лавров.

Лавров истакна дека Брисел се однесува несоодветно во инцидентот со Алексеј Навални и ги нарече „морализирачки“ изјавите дадени на заседанието на Советот на ЕУ за надворешни работи.

Првиот руски дипломат, исто така, рече дека руските власти сакаат да разберат дали во сегашните усложнети услови може да се води „барем некаков бизнис“ со европските партнери. Лавров додаде дека е време Москва да престане да се ориентира кон Западот и да го гради својот политички курс во согласноста со оцените на Брисел.

Лавров додаде дека целта на Русија во врска со ситуацијата околу Навални е спроведување на нормите на меѓународното право од страна на ЕУ и Германија. Појасни дека Москва ги повикува Берлин и Брисел да ги почитуваат одредбите од паневропската Конвенција за помош во кривични дела.

„А Германија како одговор ни кажува: ‘Знаете, имате меѓународно право, но ние имаме право а правилото е дека ако не ни верувате вие сте виновни“, рече Лавров.

Русија редовно изминатите два месеца потсетува дека досега Берлин не одоговорил на барањето на Москва за размена на биоматеријалите на Навални добиени во лабораториите во двете земји, кои дијаметрално се разликуваат и оти поради тоа нема никакви докази за отворање на суштинска истрага, освен првичната со која се прегледани снимки и разговарано е со стотици сведоци.

Шефот на руската дипломатија ја критикуваше Европската унија и дека сѐ повеќе „го презема американскиот стил на закани и казнување на држави со санкции“.

Пораката на Лавров доаѓа ден откако неговите европски колеги на средбата во Бирсел договорија на Русија да ѝ наметна нови санкции поради наводното труење на Алексеј Навални. Мерките вклучуваат замрзување на сопственост, како и забрана за патувања за лицата кои ЕУ ќе ги смета произволно одговорни за наводното труење.

Германија и Франција ги предложија санкциите со образложување дека не добиле „веродостојно објаснување“ од москва дека во телото на блогерот е наводно најден опасниот нервен боев агенс „новичок“ од кој Навални чудесно закрепна без особени последици, откако мина доста време во индуцирана кома во која беше ставен уште во сибирксиот град Омск каде беше хоспитализиран со итно приземјување на авионот во кој му се слошило.

„Постигнат е политички договор за спрведување на германско-францускиот предлог за воведување рестриктивни мерки против оние кои се поврзани со овој обид за убиство. Одликата ќе ја спроведат техничките тела на Совето“, рече во понеделникот високиот претствни на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.