Русија може да се спротивстави на американското ракетно распоредување во Европа, порача Песков

Европските земји би се изложиле на ризик доколку прифатат распоредување на американски ракети со долг дострел на нивните територии, предупреди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во видеото објавено во саботата.

Портпаролот на рускиот претседател посочи дека САД отсекогаш распоредувале проектили во Европа насочени кон Русија, но дека Москва има доволно потенцијал да се спротистави на тоа и да ги создржи таквите активности на западните земји.

„Отсекогаш, како што знаете, порадоксалната ситуација, САД распоредуваат такви проектили, различни типови ракети со различн дострели, кои традиционално насочени кон нашата земја. Нашата земја, соодвтно, секогаш ги идентификуваше таквите европски точки“, додаде Песков.

На прашањето на новинарот на руската државна телевизија Павел Зарубин за можноста САД да распоредат и наводно хиперсонични ракети во Европа, Песков одговори: „Имаме доволно потенцијал да ги одвратиме овие ракети, но главните градови на овие европски земји се потенцијални цели“.

Песков, исто така, повтори дека за време на Студената војна американските проектили стационирани во Европа биле насочени кон Русија, а руските во исто време биле насочени кон Европа, поради што земјите од Стариот континент биле главни цели на секој потенцијален конфликт.

„Европа сега се распаѓа. Ова не е најдобро време за Европа и затоа, вака или онака, историјата ќе се повтори“, рече Песков.

Во средата Пентагон објави дека САД во Германија, според постигнатиот договор за стационирање на американски ракети со долг дострел во Германија, почнувајќи од 2026 година, што претставува првпат вакво оружје да биде стационирано во земјата од крајот на Студената војна.

Подоцна германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) објавви дека министрите за одбрана на Германија, Франција, Италија и Полска веќе потпишале декларација за намери за развој на крстосувачки ракети со дострел од над илјада километри, кои „од германска територија би можеле да погодат цели во Русија. Оваа информација ја потврди и канцеларот Олаф Шолц.

Реагирајќ на написот во германскот весник, заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи, Сергеј Рјабков, истакна дека Москва ќе развие воен одговор на ваквите планови на „спокојно, без нервози и емоции“.

Американското оружје ќе вклучува крстосувачки ракети „Tomahawk“ со дострел до 2.500 километри кои можат да напаѓаат длабоко во Русија, како и ракети за воздушна одбрана „SM-6“ и ново развиено хиперсонично оружје за кое сепак западните воени стручњаци велат дека е во раната фаза на тестирања во САД.