Русија најави одмазда за украинскиот обид за напад со ATAMCS ракети на нејзина територија

Руското министерство за одбрана во саботата објави дека соборила осум оперативно-тактички американски ракети АТАCMS лансирани од Украина врз руската Белгородска област ден претходно и вети „одмазда“ бидејќи таквите напади ги смета за црвена линија.

„Акциите на режимот во Киев, кои се поддржани од западни тутори, ќе бидат предмет на одмазда“, предупреди руската војска во соопштението.

„Во текот на противракетната борба, борбените екипажи на противвоздушниот ракетен систем С-400 и противвоздушниот ракетно-оружен систем Панцир-СМ ги соборија сите ракети осум АТАСМЅ“, потенцираат од Министерството за одбрана.

Последните седмици рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе руската војска ќе ги нападне центрите на командување и оние локации каде се носат одлуки во Киев, што ги вклучува и оние командни места каде се сместени офицери и војници на западните земји кои всушност ги изведуваат нападите врз Русија со софистицираните ракетни системо од арсеналот на НАТО, како одмазда за употребата на амерканските ракети ATACMS, британските ракети Storm Shadows и француските SCALP. И покрај тоа, што Киев и западот сѐ уште тврдат дека тоа не се случило, Москва објави дека пред десет дена во украинската престолнина биле погодени локации на украинското разузнавање, како и локаии со западни војници и офицери во близина на линијата на фронтот, при што се убиени високо позициониани укаински и западни офицери.

Руската војска претходно во саботата објави дека пресретнала осум ракети ATACMS насочени кон рускиот регион Белгород, на границата со Украина, и повеќе од 72 беспилотни летала еден ден претходно. Во овие напади немаше настрадани, ниту е предизвикана материјална штета.

Во ноември, администрацијата на американскиот претседател на заминување Џо Бајден, откако стакан јасно дека потпретседателката и кандидатите на демокраите Камал Харис загуби на претседателските избори од републиканецот Доналд Трамп, реши да ја симне забраната Киев да ги користи американски ракети со долг дострел за напад на територијата на Русија, чекор што веднаш веше следен од Велика Британија и Франција. Оттогаш Киев изврши неколку напади со таквите ракети, но ниту нанесе позначајни штети на Русија, освен што беа убиени десетина цивили, ниту ја измени ситуацијата на фронтот каде од почетокот на летотот постојано се менува во полза на руската армија.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, изјави во средината на декември дека се противи на употребата на ракетите ATACMS од страна на украинската војска, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до „интензивирање“ и „влошување“ на конфликтот. .

Во близина на границата со Украина, две лица се повредени во напад на украински дрон врз градот Шебекино, изјави гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков.

На линијата на фронтот, најмалку десет лица се повредени во украинскиот напад на источниот украински град Горловка, кој е под контрола на руските сили Москва, изјави градоначалникот Иван Приходко.

Понатаму на север, руската војска во саботата објави дека го освоила малото утврдено место Надија во Луганската област, која ја контролира речиси целосно, а каде доминантното руско и рускојазично население се отцепи уште во март 2014, кога во Киев беше изведен државниот удар со поддршка на Западот.