Руското Министерство за надворешни работи реагираше на денешниот Самит на НАТО.
Во соопштението се наведува дека одлуката да продолжи поддршка за Украина укажува дека Алијансата сака да продолжи судирот.
– Одлуката на Западот да испрати оружје ја поттикна украинската Влада да употреби сила против сепаратистичките енклави, кои имаат поддршка од Русија во источна Украина, истакнува руското Министерство за надворешни работи.
Русија претходно изјави дека луѓето во сепаратистичките региони се соочени со геноцид.