Рускиот претседател Владимир Путин порача во петокот дека за остварувањето на зацртаните цели на Москва во војната во Украина воопшто не е потребно користење на тактичко нуклеарни оружје, што на запад се смета за досега најсилниот сигнал дека нема да има нуклеарен напад за што веќе две ипол години зборуваат западните сојузници на Киев.
Откако руските сили последните месеци континуирано напредуваат на истокот на Украина, Путин изјави дека не гледа ниту потреба, ниту услови за користење тактичко нуклеарно оружје и го повика Западот да престане за тоа да зборува и да ги плаши сопствените граѓани и светската јавност.
Меѓутоа, Путин повторно предупреди дека руската нуклеарна доктрина предвидува удар со стратешко оружје доколку се загрозени опстанокот и територијата на Руската Федерација што е можно со дозволување на западните земји на предводени од САД на Киев со нивното оружје да гаѓа цели на руска територија, како и дека доктрината може да биде изменета.
Рускиот претседател посочи и дека Русија би можела да тестира нуклеарно оружје доколку е потребно, иако во овој момент не гледа потреба за тоа , и покрај симулациите за нуклеарни удари врз руска територија и непотврдените нуклеарни тестови во земји на западната воена алијанса.
Путин со тоа одговори на прашањето на влијателниот руски аналитичар Сергеј Караганов, кој го запраша дали тој мора да го држи „нуклеарниот пиштол на слепоочницата“ на Западот во врска со Украина.
„Користењето (на нуклеарното оружје) е возможно само во исклучителен случај – во случај на закана за суверенитетот и територијалната целост на земјата. Мислам дека тоа не се случило. Русија нема потреба од нуклеарно оружје за победа, кога има руски карактер“, рече Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
„Меѓутоа, доктрината е жива материја и внимателно следиме што се случува во светот околу нас, па не исклучуваме некои нејзини измени. Тоа, исто така, се однесува и на тестирањето нуклеарно оружје“, додаде рускиот челник.
Руската нуклеарна доктрина, објавена во 2020 година, ги дефинира условите под кои рускиот претседател може да размисли за употреба на нуклеарно оружје, т.е. како одговор на напад со нуклеарно или друго оружје за масовно уништување или на употреба на конвенционално оружје против Русија „кога се загрозува самото постоење на државата“.
„Докилку биде потребно ќе направиме тестови. Засега нема потреба ниту за тоа (…)“, додаде Путин.
Минатата година токму Караганов предложи ограничен нуклеарен напад врз членка на НАТО во Европа за да го принуди Западот да отстапи во конфликтот околу Украина и да се спречи избувнувањет на Третата светска војна со сѐ поголемата директна вклученост на западните земји во руско-украинскиот конфликт.
Американскиот претседател Џо Бајден минатата седмица потврдил дека ублажил некои ограничувања за употребата на американско оружје од Украина за напади во Русија, што ја поттикна Москва да предупреди на потенцијално опасна ескалација на конфликтот.
Путин во средата рече дека би можел да распореди конвенционални ракети на локации од кои би можел да ги нападне САД и нивните европски сојузници доколку дозволат Украина да сртела врз цели подлабоко во руската територија со западно оружје со долг дострел. Притоа предупреди дека Западот греши кога мисли дека Русија никогаш нема да користи нуклеарно оружје.