Русија не може да игнорира дека „F-16“ може да носат нуклеарно оружје, предупреди Лавров

Американските борбени авиони „F-16“ коишто би биле испорачани на Украина, Русија ќе ги смета за „нуклеарна закана“ предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интрввјуто објавено во четвртокот.

„Самиот факт што украинските вооружени сили имаат такви системи, ќе ја сметаме за закана од колективниот Запад во нуклеарна смисла“, вели, меѓу другото, Лавров во разговорот за онлајн весникот Лента.ру, објави руското Министерство за надворешни работи.

„Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да пренесуваат нуклеарни боеви глави“, додава Лавров и посочува дека Москва на тоа ги предупредила САД, Велика Британија и Франција.

„Соединетите држави и нивните марионети во НАТО создаваат ризици од директен вооружен судир со Русија и тоа би можело да има катастрофални последици“, уште еднаш предупреди шефот на руската дипломатија.

САД во мај ја одобрија испораката на авиони „F-16“. Рокот на испораката и нивната броја сѐ уште не се одреден. Исто така, не е познато каде овие борбени авиони ќе бидат стационирани откако ќе му бидат предадени на Киев, имајќи предвид дека на украинската територија нема соодветен аеродром за нивно опслужување и во смисла на техничко одржување и во смисла на полетно-слетувачко поле. Покрај тоа, украинските аеродроми се во дострелот на руските ракетни сили.

Украина во вторникот објави дека ќе биде формирана „меѓународна коалиција“ од 11 западни земји за обука на украински пилоти за борбено користење на овие напредни авиони.

Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбено“ користење на таканаречената „нуклеарна тријада“ во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенцинално оружје „кој е закана за самиот опстанок на државата“.